(Видео) „Изгуби душа на пола песна, морав да те казнам“: Пофалби и критики за Мими од Велес во „Гранд“

Мими Јовановска од Велес со пет гласа се пласираше во петтиот круг на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Откако го воодушеви жирито пред неколку месеци, а на последниот настап доби коментари дека била лоша, за пеењето на Мими повторно имаше поделени мислења.

Ѓорѓе Давид и Вики Миљковиќ ѝ го дадоа својот глас уште во првите секунди кога почна да пее, но Мили од бендот „Милиграм“, кој годинава е директор на шоуто, ѝ кажа дека не го воодушевила.

„И во првата и во втората песна на половина изгуби душа. Затоа не ти дадов глас, морав некако да те казнам, за да сфатиш каде грешиш, колку и да пееш убаво. Ако го слушаш твојот ментор што те советува, вакви грешки нема да има“, ѝ кажа Мили.

20-годишната велешанка вчера во шоуто ги пееше „Циганка је малена“ од Есма Реџепова и народната песна „Катерино моме“. Ментор на Мими е познатиот пејач Џенан Лончаревиќ, кој рече дека ќе работат уште повеќе ако Мими се пласира во следниот круг.

Настапот на Мими почнува на 1:30:45.

Scroll to Top