(Видео) Јордан Митев напиша свадбарска песна

Фолк-пејачот Јордан Митев е комплетен автор на неговата најнова песна, „Да се живи и здрави младоженците“. Инспирацијата за неа, вели, ја добил додека бил на свадба кај негов пријател.

„Минатата недела бев кум на свадбата на мој близок другар. Веднаш ја напишав и отпеав песната, бидејќи премногу верувам во неа. Кај нас има навистина многу квалитетни свадбарски песни, но искрено се надевам дека и оваа ќе стане хит“, вели Митев.

Пејачот откри дека наскоро ќе сними и спот за песната, а дека видеото ќе го снима надвор од Македонија.

Scroll to Top