(Видео) Јован Јованов со Пајак сними нова верзија на хитот „Магија“

По дваесет и пет години победничката песна на Макфест 1998 година „Магија”, доби нов модерен поп звук кој веруваме дека силно ќе допре до публиката и песната ќе продолжи да живее кај младата популација.

По желба на Пајак, Јован после 14 години ќе запее повторно ќе ми треба магија, „но овој пат пее дека има дозвола за кола да ја повози девојката, додека пак Пајачето се уште ја нема хаха..“

За песната е направен нов аранжман и целосна продукција од Иван Јованов Ивајо.

Спотот е сниман во Pro Light Studio, во продукција на Урбан Рекордс и добро познатите Гордан Божиновски, Никола Наумовски, а како продуцент на истиот се јавува и самиот Јован.

На почеток видеото започнува со снимка од оригиналниот настап на група „Магија“ од Макфест, а се појавува и прекрасната Марјана Станојковска во заедничка кореографија со Јован, Илија Карадакоски и балетското студио Eat The Beat.

Scroll to Top