(Видео) Јована се врати во „Фчерашни“

Поранешната водителка и портпаролка во Министерството за финансии Јована Аврамовска ѝ се врати на старата екипа на „Фчерашни новости“. Повторно ќе ја гледаме на телевизиските екрани како ги води вестите во петтата сезона на сатирично хумористичната емисија.

Глумците објавија видео на „Фејсбук“ ѝ и посакаа добредојде, освен колегата Менде кој ѝ замери што ги оставила и заминла во Министерството за финансии, кога им било најтешко.

„Ајде Менде не сакам да има лоша енергија меѓу нас. Па пак ќе работиме заедно“, се извини Јована.

Аврамовска почетокот на својата кариера ја почна како новинар, а на јавноста најмногу ѝ е позната по емисијата „Фчерашни новости“

Scroll to Top