Српскиот рапер Ша се врати во реалното шоу „Задруга“ и ја обвини неговата поранешна девојка Тара Симов дека го изневерила со македонскиот јутјубер Стефан Лазаров. Ова наводно се случило кога Тара и Ша биле во Скопје на роденденот на Лазаров. Раперот ја обвинил Тара дека среде роденден неа и Стефан ги снемало еден час и дека тие биле заедно во тоа време. Тара ги отрфли овие обвинувања, а Стефан сними влог на Јутјуб во кој објасни што точно се случувало.
„Ша ме обвини дека ја изневерив Марта со Тара. Лажно“, вели јутјуберот.
Стефан пред два дена добил повик од продукцијата на „Загруга“. Тие го поканиле на разговор во Белград.