(Видео) Кали има нова песна

Младата пејачка Калина Велковска – Кали, во соработка со композиторот и продуцент Александар Масевски ја направи песната „Ти ми зеде се“. Масевски е комплетен автор на песната и ги направи музиката, текстот и аранжманот. За песната Кали сними спот, чиј режисер е Александар Ристовски – Принц.

Кали ја опишува „Ти ми зеде се“ како нешто ново, емотивно, динамично подготвено и релизирано со многу љубов.

Scroll to Top