Пејачката Калиопи објави видео од својот татако на својот профил на Инстаграм и раскажа:
„Кога бев мало девојче, најмногу сакав да гледам како татко ми се бричи. Веројатно заради неговите вешти и елегантни движења. Тој секогаш ќе ја искористеше мојата концентрација и фасцинација за да ми стави пена за бричење на носот во неочекуван момент за мене! Целата среќна и насмеана, ќе истрчав кај братот и сестрата на мајка ми за да си поиграм малку кловн. И сега, после толку години, улогите се сменија. И можеби ова е многу помило и поубаво за мене. Еден од моите најомилени моменти во изолација, бричење на брадата на тато. И јас се усовршив. Како да пишувам една од моите најубави песни.“