(Видео) Калиопи и Васил повторно заедно: Одиме по истиот пат низ животот

Поп-ѕвездата Калиопи и нејзиниот поранешен маж, актерот Васил Зафирчев, убавото време викендот го искористија за прошетка на кејот во Скопје. Дека се заедно, објави Калиопи во видео на „Инстаграм.

„Интелигенција, хуманост, лојалност, доверба се квалитетите на луѓето со кои одам по истиот пат низ животот и ја делам истата љубов за вечно пријателство. Со нив можам да изодам километри“, напиша пејачката.

Васил и Калиопи, иако се разведоа пред 10 години, и понатаму се одлични пријатели. Пред неколку месеци, Калиопи го прослави 54. роденден во друштво на актерот. Тие беа во брак од 2004 до 2011 година. Се венчаа во црвката Света Петка, а потоа направија голема забава во хотелот „Александар Палас“. Црковен кум им беше актерот Дејан Лилиќ, а сведок во матично, кралицата на ромската музика, Есма. По разводот останаа пријатели и постојано јавно си даваат поддршка за сè што работат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Scroll to Top