Поп-пејачката Калиопи денес слави роденден. Таа полни 55 години и вели дека за неа годините се само бројка. Калиопи објави компилација на нејзини фотографии и видеа од детството и песната „Роденден“, која за неа пред 5 години ја напиша нејзиниот поранешен маж, Ромео Грил.
„Ајде да прославиме нов почеток низ моите 55 години живот. Затоа што годините за мене се само бројка, а помислата на годините е она што нè рефлектира во огледалото онака како што сакаме да се гледаме. Јас себеси се гледам како времето да не постои за мене. Да се радуваме во тоа име. Ти благодарам Ромео за оваа роденденска химна“, рече Калиопи.
Пејачката доби голем број честитки од нејзините пријатели и фанови. Велат, Ромео како да слави со неа бидејќи ѝ напишал специјална песна што ќе ја има за цел живот. Меѓу оние што ѝ честитаа е и Каролина Гочева, која ѝ посака да биде најсреќна.
Поп-дивата Калиопи никогаш не криела дека Ромео Грил е нејзината најголема љубов, човекот што ја инспирира и кому најмногу му верува. Тие иако се разведоа пред многу години денес се добри пријатели и соработници.
View this post on Instagram