(Видео) Кандидатот за градоначалник Тони Михајловски е позитивен на корона среде кампања

Актерот и кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ во Куманово, Тони Михајловски е позитивен на коронавирус. Тој објави видео и рече дека и покрај тоа што ги почитувал сите мерки за заштита сепак на крајот добил позитивен тест.

„Почитувани граѓани, за жал морам да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајќи ги сите мерки за заштита на моето и вашето здравје сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого. Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долго очекуваната и заслужена промена во Куманово“, рече Михајловски.

Scroll to Top