Македонската пејачка Елена Миленковска во последната емисија од првиот кург во „Ѕвездите на Гранд“ доби голем број критики од членката во жирито Јелена Карлеуша.
По изведбата на песните „Не спомињи љубав“ и „Кошта ме“, српската пејачка, и покрај големиот број предупредувања да прекине да биде безобразна од нејзините колеги во жирито, продолжи со својот начин на критикување на кандидатите. Карлеуша ѝ порача на Елена дека е без харизма и дека нема енергија во себе.
„Јас мислам дека ти не си за оваа работа. Мислам дека влегуваме во една фаза каде што можеме без маски и ракавици да зборуваме со сите вас. Со години сме остри кон вас, а публиката е навикната да бидеме сурово реални. Публиката знае дали некој нешто ќе направи“, изјавила Јелена.
Карлеуша на крајот посочила дека Елена единствено може да направи кариера доколку таа ѝ биде ментор.