(Видео) Карлеуша во првиот круг ја навреди, а во вториот се воодушеви од пеењето на Елена Миленковска

Елена Миленковска од Скопје беше единствената Македонка што вчера пееше во „Ѕвездите на Гранд“. Таа помина со сите шест гласа ДА, а нејзиниот ментор, Ана Бекута, ѝ кажа дека е презадоволна од тоа како испеала, но и дека очекувала пет гласа. Откако во првиот круг Елена доби многу критики од Карлеуша, која тогаш ѝ рече дека не ја бива за пеење, овојпат најголемите пофалби ги доби од неа.

„Ти не си Србинка нели? Не знам како зборуваш српски, ама имаш одлична дикција за пеење, совршена, подобра дури и од некои Срби. Јас сум воодушевена од тебе“, ѝ рече Јелена.

Елена, која ги пееше „Како после нас“ од Саша Ковачевиќ и „Извини се“ од Марија Шерифовиќ, доби замерки од жирито дека малку фалширала, ама ѝ рекоа и дека одлично изгледа на сцена. Ова не е прво учество на македонската пејачка во „Ѕвездите на Гранд“. Таа пред неколку месеци се пресели во Белград за да проба да гради кариера во Србија.

Настапот на Елена почнува на 11 минута.

Scroll to Top