(Видео) Каролина на предновогодишен викенд во Будимпешта: Женско друштво и хитовите на Мараја Кери

Поп-пејачката Каролина Гочева беше на викенд во Будимпешта со мајка си, сестра ѝ Сандра и внуките Инес и Луција. Ги посетија најпознатите туристички локации, галерии, а Каролина вели, каде и да шетале низ градот, околу нив се слушал најголемиот хит на Мараја Кери, All I Want For Christmas.

Каролина често патува со своето семејство и не крие дека ова ѝ се едни од најубавите во годината. Таа во интервју за „Репортер“ раскажа дека секоја година одат заедно на летување и дека уживаат во женските одмори. Тие годинава веќе беа заедно на море во Грција и во Хрватска.

За потсетување, Каролина пред крајот на месецот ќе одржи пет концерти во Македонска филхармонија со Дуке Бојаџиев и Луминовски. Сите концерти беа распродадени во рекордно време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Scroll to Top