Поп ѕвездата Каролина Гочева имаше концерт во скопскиот бар „Интермецо“ за Денот на вљубените. Ова е нејзин прв концерт после три години во Скопје, која имаше пауза поради пандемијата со коронавирус.
Таа ги забавуваше гостите со нејзините најголеми хитови, а на социјалните мрежи се појавија и видеа од нејзиниот синоќешен настап. Многумина кометираа дека поп-ѕвездата имала одличен настап.
За постетување, таа лани летото пееше на отворено на платото пред Млечен и тоа беше нејзина прва средба со скопјани откако почна пандемијата. Претходно, во 2018 година таа одржа пет концерта во Македонската опера и балет, кога го промовираше албумот „Извор“.