Каролина Гочева го објави најновиот видеоспот за песната „Мог живота дио“.
Позади песната стои Дино Мухаремовиќ (музика и текст), кој е автор и на последниот сингл на Каролина, ,,Дај на сунце”, додека аранжманот е на Дино Шукало, познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор и долгогодишен соработник на Каролина.
Песната е снимена во Сараево, во неговото студиото Модра Риека, додека видео спотот е дело на Миомир Милиќ.