(ВИДЕО) Катарина ѝ се врати на модата

Македонскиот модел со интернационална кариера Катарина Ивановска се врати на работните обврски. Таа во мај се породи со синчето Вања и беше посветена на мајчинските обврски.

На својот инстаграм-профил Катарина откри дека периодов го има првиот ангажман по паузата што ја направи. Таа работи на фотосесија на грчкиот остров Парос.

Неодамна Катарина во интервју изјави дека кога ќе почне со манекенските ангажмани, планира понекогаш се себе да го носи и синчето Вања. Таа ни откри дека сака со него да оди и во Њујорк за да му раскаже за нејзиниот живот таму.

https://www.instagram.com/p/BgYLrp6laOH/?taken-by=katarina_ivanovska

Scroll to Top