(Видео) Кларинетистот Јане Рафаиловски промовираше нов музички проект

„Превез од сништа“ е новиот музички и визуелен проект на инструменталистот Јане Рафаиловски.

Авторското дело на инструменталистот по промоцијата во музичките кулоари се доживува како уште еден негов проект во кој успева музиката да ја претвори во слика и во боја. Спотот е надополнување во приказната.

„Верувам дека ќе уживате во музичката и визуелна приказна, на која со мојот тим работевме подолго време. Дозволете да ги разгалиме вашите сетила, да ве инспирираме и одведеме во музичките соништа“, вели Рафаиловски.

Музиката е на Јане Рафаиловски, аранжманот за „Превез од сништа“ го направи Дамир Имери, спотот е дело на Огнен Шапковски и неговиот тим.

Scroll to Top