(Видео) Кокошки паѓаат од небо, пансионот се распаѓа, а Ула сака бебе: „Преспав“ го објави трејлерот за шестата сезона

Неколку дена пред премиерата на шестата сезона на хит-серијата „Преспав“, ОХО продукција го објави првиот трејлер за новите епизоди.

Пожарот е изгаснат, но пансионот се распаѓа. И во целиот тој хаос, почнуваат да паѓаат кокошки од небото, а Ула му кажува на Коста дека сака бебе. Дека во пансионот е секогаш забавно, доказ е и кујната на Марио каде што ништо не функционира. Но, тука е и Талат со новата униформа, братучетките Јелена и Натали со слични фризури и Мич кој ја организира играта „Преспански лигњи“ за сите во пансионот.

Пред почетокот на снимањето на шестата сезона од „ОХО продукција“ и од МТВ соопштија дека пожарот, наместо да го пеплоса „Преспав“, ќе донесе многу хумор и изненадувања со актерите.

„Преспав“ не само што е најгледана домашна серија кај нас, туку ја освои и бугарската публика. Продуцентот Пеце Талески, откри дека и таму е една од најгледаните серии.

Новата сезона на „Преспав“ ќе се прикажува од 20 декември на МТВ1 од 20:15 часот, а ќе има дваесет епизоди.

„Преспав“ помина на референдум, изгласана шеста сезона и почнува снимањето

Scroll to Top