(ВИДЕО) Кошаркари и „баскетџии“ – Sick Touch i Prti Bee Gee исфрлија нов спот

Шутни, дриблај, дофрли, „кидају ортаци!“. Кога ќе се спојат вакци двајца рапери, а при тоа, и два големи „баскетбаџии“, тогаш јасно е дека оваа песна ќе се врти на сите баскет и кошаркарски терени ширум Балканот.Членовите на групата „Sick Touch“ и „Prti Bee Gee, „Mlata“ и „Mikri“, исфрлија нов спот за песната на Худ Репрезентативци, а уште на првото слушање, јасно може да се забележи дека има нов кошаркарски хит во Србија, но и ширум Балканот.

Од звуците на вистинскиот сиров рапер, Млата и Микри, кои рапуваат за животите на многу баскетџии од крајот. Оние кои оставиле пот, солзи и крв на терените. Некои останаа анонимни јунаци, а некои станаа големи светски ѕвезди. И тие се пронаоѓаат во песната.

Секој кој некогаш застанал на терен за баскет, ќе ја засака оваа песна „на кец“, и во тоа нема сомнеж.

Спотот за овој летен хит, во кој се појавуваат уште познати српски рапери, го потпиша Бојан Загорац, а вас ве оставаме да уживате во наредните неколку минути.

 

 

Scroll to Top