(Видео) Кристина Димитри и Боно снимија песна инспирирани од Карди Би

Манекенката Кристина Димитри, која од неодамна пее, и диџеј Боно, ја промовираа првата заедничка песна „Карди“, инспирирана од светската ѕвезда Карди Би.

„Песната се вика така затоа што јас не сум како Карди. Искрено, Боно и јас направивме анализа на мојот карактер и на мојот живот и така се случи текстот. Имам луд ген и пет карактери“, рече Кристина за „Репортер“.

Боно ја напиша музиката, текстот го напишаа тој и Кристина, а видеото го режираа Били Ди и Никола Наумовски. Кристина вели дека е горда на проектот, но и дека со Боно веќе спремаат нова песна.

„Сите мои соработници, луѓе што ме сакаат и поддржуваат се презадоволни од мојот нов проект кој го реализиравме со Боно. Добивам видеа каде девојки ја пеат „Карди“ и веќе ја научија за неколку часа. Текстот нè опишува и двајцата, напишан е искрено и својствено за нас. А тоа го препознаваат и ми е многу мило“, ни кажа таа.

Песната има над 5.000 прегледи за неколку часа, но коментарите се поделени. Едни викаат дека „Карди“ е одлична, ама на други не им се допаѓа, па ги прашаа Кристина и Боно како не им е срам што ја објавиле песната.

Кристина од пред осум месеци активно пее. Таа и Боно скоро секој викенд имаат настапи во клубовите низ Македонија. Тие викендов пееја на фестивалот во Лешок, а по нив концерт одржа Саша Ковачевиќ.

Scroll to Top