(Видео) Кристина Димитријевска гола во новиот спот

Македонската манекенка Кристина Димитријевска ја промовира својата четврта песна „Амстердам“. Песната го привлече вниманието и поради провокативниот спот, во кој Кристина се појавува разголена на снегот на Шапка. Кристина песната „Амстердам“ ја работеше со младите музичари Алек и Тони.

„Периодов се посветив повеќе на музиката, но така се поклопија коцките. Верувам дека сè се случува со причина, а јас веќе спремам нешто ново, една кавер-песна, која ќе објасни една моја животна приказна. Ова ќе биде нешто поинакво од мене и многу емотивно“, рече Кристина за „Репортер“.

Кристина неодамна го прослави роденденот на синот Давид, кој наполни 4 години.

 

Scroll to Top