(Видео) Лара, Ирина и Јован на свеченото отворање на Јуниор Евросонг

Лара, Ирина и Јован, македонските претставници на овогодинешниот Јуниор Евросонг се појавија на црвениот тепих во Ереван, Ерменија. Со нив беа и танчерките Александра и Мила и делегацијата на МРТ.

dobivaj vesti na viber

Тие вчеравечер беа дел од свеченото отворање со кое почна и евровизиската недела во Ерменија. Покрај црвениот тепих имаше бројна публика и евровизиски фанови кои ги поздравија со голем аплауз.

„Свеченото отворање на детската Евровизија. Блеснавме со светлина за иднина и уживавме во прекрасната атмосфера. Одиме напред!“, напиша Лара.
Дел од атмосферата од свеченото отворање на Јуниор Евросонг сподели и Симон Трпчески кој е поддршка на неговата ќерка, а воедно и автор на песната „Животот е пред мене“.
„Не верував дека ќе се вратам во пријателската земја Ерменија по само 9 месеци, од мојот концерт со Ерменската филхармонија во Ереван во февруари 2022 година.
Чиста енергија со толку многу деца на церемонијата на отворањето на детската Евровизија 2022 година“, напиша Симон.Јуниот Евровизија ќе се одржи на 11-ти декември (недела) во 16 часот, а на МРТ ќе има директен пренос.

 

Scroll to Top