(Видео) Ленче Кукиќ го занеме жирито, ќе пее во финалето на „Никогаш не е доцна“

Македонската пејачка Ленче Кукиќ повторно воодушеви во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“. Таа во полуфиналето ја испеа песната „Париски локал“ од Лепа Брена, па ги занеме сите во студиото, и публиката и жирито.

„Ленче, не можам да ти се изнаслушам, колку лесно ја испеа песнава“, ѝ рече Драгана Катиќ.

На ова се надоврза и Тијана Дапчевиќ, која и минатата сезона беше дел од жирито на популарното шоу.

„Не дека си наша, ама растури“, рече пејачката.

Според српските медиуми, Ленче е еден фаворитите за победа во музичкото шоу во кое пред неколку години победи нејзиниот сопруг, Горан Кукиќ.

Scroll to Top