Кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова во петокот се забавуваше на концертот на Лени Кравиц во Скопје. Професорката не одолеа на хитовите на светскиот пејач и постојано играше, понесена од атмосферата во ВИП Арената.
Гордана неодамна во интервју за „Репортер“ ни раскажа дека кога била млада, но и сега слуша рок.
“На времето, носев мини и на тие излегувања кога слушавме рок музика и жестоко игравме”, ни раскажа Сиљановска- Давкова.
Професорката рече и денес не може да издржи, а да не заигра кога ќе слушне рок музика. Лени Кравиц во петокот имаше концерт за паметење во салата Борис Трајковски во Скопје.
Носев мини кога го освоив бунтовникот Благоја – Приватно со Гордана Сиљановска-Давкова