(Видео) Лестер Бо Мекејлеб не ја заборава Македонија

Лестер Бо Мекејлеб (35) на својот инстаграм-профил сподели снимка од едно негово забивање во дресот на македонската репрезентација.

Овој момент се случи пред полните трибини во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје на еден од квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2011.

Американскиот плејмејкер беше еден од најзаслужните за досега најдобриот пласман на една наша сениорска селекција на европските шампионати.

Потсетување дека на континенталниот собир во 2011 година во Литванија кога Македонија го освои  четвртото место, многу блиску до медал кога  играчите ги предводеше Марин Докузовски.

Мекејлеб во својата клупска кариера беше дел од Мерсин ББ, Партизан, Монтепаски Сиена, Фенербахче, Баерн Минхен, Лимож, Гран Канарија и Сарагоса.

Scroll to Top