(Видео) Лила како Софија Лорен

Водителката Лила Филиповска објави тризер-видео од снимената фотосесија, како дел од рекламата на долна облека и хулахопки. Секси облечена, стилизирана, провокативна од глава до пети, Лила ги собра пофалните коментари, а некои дури ѝ поласкаа дека изгледа подобро ѝ од Софија Лорен.

„Ти си родена глумица жено. Софија Лорен вода да ти носи“, „Најубава, најзгодна најжествена“, напишаа обожавателите на објавеното видео.

Претходно Лила објави видео на Инстаграм од снимањето. Покрај комплиметите кои ги доби дека е убава и згодна, имаше и такви кои и пишуваа дека личи на „ пуфла“, но и понуда „да и дојдат  во кревет“.

Други пак ја искараа „оти имала кариера, и не и требало вака да се слика“.  Водителката, е една од најангажираните кај нас, особено во рекламирање на Инстаграм, и веќе некое време го носи епитетот прва инфлуеснерка во земјава, со преку 100.000 илјади следбеници на Инстаграм.

Scroll to Top