(Видео) Лила растури со чочек на свадба кај Васка Јанковска

Водителката Лила Филиповска заедно со својот син Филип беше гостинка на свадбата на која се женеше Ален, синот на пејачката Васка Јанковска, која ја отпеа оригиналната песна „Ерделези“.

Филиповска на социјалните мрежи сподели фотографии и видеа од веселбата и како што напиша – Ален и Филип биле другари уште во градинка.

Лила, облечена во долг розов фустан, играше заедно со гостите, а кулминација на свадбата било кога Васка го зела микрофонот и ја запеала „Ерделези“.

Оваа година на „Златната бубамара на популарноста“, Васка ја зеде наградата за трајни музички вредности. Претходно оваа година, таа заедно во дует со Александар и Дац по повод Ѓурѓовден ја отпеа песната.

Scroll to Top