(Видео) Лила се потсети на музичкото деби од пред 20 години: Песната е автобиографска и текстот е мој

Водителката и инфлуенсерка, Лила Филиповска се потсети на нејзиното музичко деби во 90-тите со песната „Ти верував до крај“. Таа објави кратко видео од автобиографската песна која ја отпеала пред 20 години, инаку текстот е на Лила, а музиката и аранжманот се на Роберт Саздов.

„Кој се сеќава на моето музичко деби пред 20 години?! -Песната е автобиографска, текстот е мој а музиката и аранжманот на мојот пријател Роберт Саздов. Па да се потсетиме“, напиша Лила.

Инаку во 90-тите Лила сними неколку песни. Една од нив е и песната „Може сега“ и дуетот со водителот Александар Блажевски „Само љубовта“. Водителката пред две години се појави во спотот на пејачот Филип Пешевски.

Scroll to Top