(Видео) Лина Пејовска промовира нова песна на фестивал во Албанија

Македонската пејачка Лина Пејовска има нова песна. Таа баладата „Нека те боли“ првпат ја испеа на фестивалот Kenga Magjike во Тирана, Албанија. Музиката и аранжманот за песната се на Дарко Димитров, а текстот го напиша Игор Џамбазов.

Лина веќе неколку години е дел од музичката сцена. Публиката првпат ја виде во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“, а потоа се натпреваруваше и во хрватското шоу „РТЛ ѕвезди – летен хит“, каде што беше една од милениците на жирито. Во Македонија настапи на неколку музички фестивали.

Scroll to Top