(Видео) Лина Пејовска сними песна на македонски и српски

16-годишната Лина Пејовска ја промовира новата песна „Топло ладно“. Текстот е на Елена Ристеска и Дарко Димитров, а тој ги направи и музиката и аранжманот. Песната на Лина има и српска верзија, оти таа стана популарна во соседството со учеството во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“. Спотот за песната го сними Бошко Столиќ.

„Многу сум среќна што добив одличен производ за кој се надевам дека ќе и се допадне на публиката. Поминав два незаборавни дена во снимање на видеата за двете верзии. Многу напорни, но во истовреме и забавни“, рече Лина, која вече работи на промоција на двете верзии од песната.

Scroll to Top