(ВИДЕО) Лоба: Не сум раскинала со Ѓорѓи, ќе има свадба

By

„Јас сум родена да бидам пејачка. И родена сум сите да гледаат во мене“, вели поп-пејачката Викторија Лоба, која неодамна го промовира спотот за песната „Дојди“. Ни откри дека за овој спот најмногу се измачила зашто не било лесно да се направи целата организација. „Јас сум ситничар, па додека секој детаљ и сѐ не е како што треба, јас не можам да се смирам“, открива поп-пејачката за својот карактер.

Со оглед на тоа што во последно време речиси сите пејачи „Јутјуб“ го користат како место за промоција, Лоба реши тоа да го направи во градско кафуле, како што некогаш беше традиција да се прават промоциите.

„Промоциите се дополнителни финансии и главоболки. Убаво е да се собереме, да се видиме и да испиеме некое коктелче. Сите некако  гледаме да се стиснеме и секогаш ни требаат повеќе пари за друго, ама ете јас навистина скакав да се собереме и да се дружиме“, вели Лоба.

Таа најавува нов албум. Таа е заштитно лице на познат бренд за долна облека и костими за капење. На прашањето дали се живее само од музика, вели: „Јас го сакам ова што го работам, ама сите бараме дополнителен извор на финансии“.

Иако се пишуваше дека ја раскинала долгогодишната врска со Ѓорѓи, таа рече дека тоа не е точно и дека наскоро ќе има свадба.

„Како и секоја девојка и јас сонувам за венчаница“, додава Лоба. Се пофали дека со Ѓорѓи живеат заедно во новиот стан и дека тој ја поддржува во тоа што го работи.

„И ние сме имале и кавги и недоразбирања, ама еве пет години сме заедно и си легнавме на брашното“, искрена е Лоба.

 

Александра Георгиев

Ќе ви се допадне