(Видео) Лош настап и критики за Мими од Велес, која лани го крена на нозе жирито на „Гранд“

Во третиот круг на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, кандидатката Мими Јовановска од Велес ги освои сите шест гласа од жирито и директно се пласира во четвртиот круг.

Тогаш таа растури со настапот. „Гранд “ го крена на нозе Марија Шерифовиќ и рече дека пее точно како швајцарски часовник, а Вики Миљковиќ ѝ рече дека нејзиното пеење е како лек за душа. Но, во своето најново претставување во четвртиот круг 20-годишната велешанка потфрли во изведбите.

Ментор на Мими е познатиот пејач Џенан Лончаревиќ, ама нешто не им тргна како што треба.

Овој пат таа доби само три гласа, ама Саша Поповиќ ѝ даде зелена карта за понатаму. Незадоволството на лицето на Мими беше очигледно. „Уште еден настап во низата на сцената на ‘Гранд’. И покрај тоа што не го добив својот максимум, поддршката од вас и овој пат не изостана. Ви благодарам од сè срце и ви ветувам дека во следниот круг ќе ги оправдам вашите очекувања“, рече Мими.

Scroll to Top