Со врескање овации и громогласен аплауз, синоќа публиката на „Билјанини извори“ во Охрид, го дочекаа поп-пејачот Влатко Лозановски.
Многубројната публика пееше во еден глас со него. Стадионот ечеше, откако сите заедно ги пееја хитовите „Душо варљива“, „Јако, јако“, „Километри“, па се до најновиот хит „Не те вадам од памет“.
Публиката ги слушна и безвременските песни „Лихнида кајче веслаше“, од Ефто Пупиновски и „Македонија“, од групата „Меморија“.
„Среќен Илинден Македонијо“, кажа Лозано за крај, честитајќи ѝ го на публиката големиот празник.
Пред Лозано да излезе на сцената, публиката ја забавуваа Антониа Гиговска и Лина Пејовска. Концертот го организираше продукција „Прагма“.