(Видео) Лозано и децата од „Дајте музика“ објавија нова песна

Пејачот Влатко Лозаноски – Лозано со децата од „Дајте музика“ објавија нова песна „Другар“. Станува збор за весела и забавна детска песна, која е хит на радиостаниците и потсетува на едно безгрижно детство полно со авантури и забава

Лозано вели дека одлично се вклопил во концептот. Тој сака да помогне во создавање на една нова модерна генерација на детски идоли кои ќе ги почитуваат вистинските вредности на добро однесување, здрави навики, искреност, одговорност, вистинско другарство и емпатија.

„За мене беше предизвик да се појавам заедно со децата од ‘Дајте музика“ и да оставам хит кој уште многу генерации ќе го пеат“, вели Лозано.

Децата од „Дајте музика“ велат дека во година на пандемија, кога сите посетуваат онлајн настава, сакаат да им влеат надеж на сите за подобра иднина.

Scroll to Top