(Видео) Љубовна порака од Мите Стоилов, пејачот полн со емоции

Младиот пејач  Мите Стоилков  ја објави својата најнова песна која носи нсалов „Јави се“ . Автори на песната се Лазар и Магдалена Цветковски. Станува збор за љубовна приказна која доби видео спот.

„Песната  ‘Јави се’ носи силна љубовна порака. Секој во животот би се пронашол и би му разбудиле спомени, сепак спомените се дел од животот. Искрено се надевам дека ќе им се допадне на публиката. За да изгледа се прекрасно како целина, беше врвно стручен кадар на соработници на кои сум им искрено благодарен од срце. Би сакал да ги издвојам најдобрите во нашите простори: Лазар Цветкоски, Ена Цветкоска, а тука се и Пеце Здравковски, Ѓорѓи Вацев, Александар Вајдевски и Христијан Српчански кои се погрижија за ова прекрасно видео“, изјави Стоилков.

Да потсетиме, Мите Стоилков е победник во музичкото шоу „Ѕвездите на Пинк“, а во оваа сезона ќе имаме прилика повторно да го гледаме како натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“.

Scroll to Top