(Видео) Љубовната приказна на Игор Џамбазов стара 34 години, „Нокаут“ сега ја раскажа во песна

Македонскиот бенд „Нокаут“ ја промовира песната „Шал“ за која текстот пред 34 години го напиша Игор Џамбазов. Познатиот шоумен пред неколку години откри дека своевремено напишал текст што го посветил на негова некогашна девојка, но и дека долго време размислувал дали од приказната да направи песна.

Музиката и аранжманот на „Шал“ ги направија Роберт Билбилов и Никола Перевски – Пере, а Роберт е и продуцент на песната. Спотот е снимен на неколку локации во Скопје, а режисер е Јован Куциноски.

Scroll to Top