(Видео) Магдалена го промовира спотот снимен во Турција

По двегодишна пауза, поп-пејачка и текстописец Магдалена Ена Цветкоска ја промовира новата песна „Ко да нема утре ден“. Таа и нејзиниот брат, композиторот Лазар Цветкоски се автори на песната. Спотот го сними во Кушадаси, Турција, а го режираше Даниел Јовески.

Ена, според музичарите во Македонија, е еден од најдобрите текстописци кај нас. Таа сними еден албум, „Херој“, а публиката и денес ги слуша нејзините најголеми хитови „Учам од најдобриот“, „Од утро до мрак“, „На врв и на дно“.

Scroll to Top