(Видео) Македонец без пари сними филм за вонземјани во Македонска Каменица

Андреј Ѓорѓиевски без буџет го сними краткиот филм The Annexation. Неговиот десетминутен филм е снимен во Македонска Каменица. Во филмот, Каменица е нападната од вонеземјани. Само еден војник ја преживува инвазијата и се обидува да се спаси во планините, но и таму не е безбедно.

Главните улоги ги играат Јане Стојменовски и Стево Стаменковски. Ѓорѓиевски е режисер, снимател и сценарист на краткиот филм. Го снимил во рок од три дена со помош на пријатели. Тој дипломирал Индустриски дизајн на Машинскиот факултет и е љубител на научнофантастичните филмови.

Scroll to Top