(Видео) Македонец е светски шампион во кик-бокс

Македонецот Даниел Стефановски стана светски шампион во К-1 на Суперкомбат. Тој во Романија се бореше против Аделин Михаила. Го нокаутираше за само 101 секунда по што ја освои титулата.

„Борбата веднаш ја почнав јако, со силни удари… Противникот ги држеше рацете многу горе, тоа беше мојата шанса, тој удар за нокаут“, рекол Стефановски по победата за „Ипон“.

Борбата се одржа во Букурешт во неделата, 25 март.

Scroll to Top