Македонската пејачка Валери Димовска ги скара Босанац и Вики Миљковиќ во „Ѕвездите на Гранд“. Таа доби шест гласа и директно влезе во третиот круг. Валери пееше песни од Емина Јаховиќ и Едита Арадиновиќ.
Босанац, иако ѝ даде глас, рече дека лошо ја испеала песната од Едита, „Слободно ме рани“, па не заслужила да оди понатаму со сите гласови, туку дека треба да пее во баражот. Сличен коментар имаше и Ана Бекута која рече дека не ја слушала јасно што пее.
„Да беше твој или кандидат на Марија, немаше така да зборуваш. Бараш влакно во јајцето“, му рече Вики, која ја одбрани Валери по нападите на композиторот.
Сите во жирито пробаа да го убедат Босанац дека Валери пеела исто како Едита, но ни тоа не му се допадна.
„Ако песната се пее вака во оригинал, тогаш таа песна е безвредна. Па, тогаш Едита не знае ни да пее. Сега ќе чујам како пее Едита. Во право сум не ми се допаѓа. А Валери кога ќе пее така, нема да добие глас од мене“, додаде тој.
Настапот на Валери е на 01:07:25.