(Видео) Македонската претставничка имаше прва проба на Јуниор Евровизија

Мила Москов, македонската претставничка на годинашната Јуниор Евровизија, вчера ја имаше својата прва проба во Гливице, Полска. Со ногата во лонгета, Мила излезе на сцената и ја испеа песната Fire. Таа е облечена во портокалово-црна комбинација, боја која го симболизира огнот во песната.

Песната на Мила е на англиски и македонски јазик, а ја напишаа Магдалена Цветковска – Ена и Лазар Цветковски.

Инаку, Јуниор Евровизија ќе се одржи в недела, 24 ноември, во Гливце, Полска, а Мила ќе пее четврта по ред.

Scroll to Top