Пејачката Наташа Малинкова го заврши снимањето на спотот за баладата „Кога не си ти до мене“. Таа на социјалните мрежи објави неколку фотографии и кратко видео од снимањето, облечена во впечатлив црвен фустан на снег на Пелистер, но и во када додека се капе во млеко. „Рај за очи“, „Како Клеопсатра си“, ѝ порачаа нејзините фанови.
Музиката и текстот за „Кога не си ти до мене“ ги направи Столе Аврамов. Тој е и продуцент на песната заедно со Зоран Алексиќ. Спотот кој е снимен на неколку локации во Демир Капија и на Пелистер го режираа Пеце Здравковски, Ѓорѓи Вацев и Александар Вајдевски. Официјалната промоција на спотот се очекува наскоро.