ВИДЕО: Малолетник направи изум за да не умираат деца од топлотен удар заборавени во автомобил

By

Бишоп Кари, 11 годишно момче од Тексас, иако е само дете веќе бара начини како да го подобри светот. Тој е невообичаено љубопитен кога станува збор за големите светски проблеми, од природни катастрофи до граѓанските права.

Бишоп видел вознемирувачки вести за шестмесечното бебе Ферн кое починало оставено во жежок автомобил, па одлучил да преземе нешто за тоа да не се случи повторно.

-Мислев дека тоа ќе ми биде вистинска можност навистина да им помогнам на луѓето, вели малото момче.

Така, Бишоп направил скица од направата која треба да почувствува кога детето ќе остане само во автомобилот. Изумот треба да биде поставен на седиштето, односно на местото каде се потпира главата и треба да ги алармира родителите и полицијата на телефон – и сето тоа додека дува студен воздух.

Направата ја нарекол „оаза“.

https://www.youtube.com/watch?v=oFFjfXe-c8w

Ќе ви се допадне