Поранешната членката на „Фрајле“, Марија Мирковиќ објави нова песна „Презирем самоќу“. Текстот е нејзин, а аранжманот на Бранимир Михаљиевиќ. Спотот го сними со режисерката Сандра Михаљевиќ во Загреб.
Двете соработуваа и за нејзините претходните две песни кои ги снимија во Венеција и Истанбул.
„Песната можеби не е мој стил, но конечно можам да експериментирам и да пробам нешто сосема поинакво. Иако е нешто ново од она што досега сум го објавила, ми легна од прва. Има некој бит и грув кој ми е одличен. Дојдов кај Бранимир, ја пуштивме матрицата, го доработив текстот и за два часа ја снимивме песната. Не ја снимив само затоа што е модерна и за да ми донесе поголема популарност. Иако нема да се бунам и ако се случи тоа“, ни рече Марија.