(Видео) Марио Арангеловски ја промовира својата прва песна „Воли ме“

Пејачот Марио Арангеловски пред неколку дена, во свечената сала при Занаетчискиот дом во  Куманово, ја промовираше својата прва песна на српски јазик со видео запис.

Тој пред две години учествуваше во најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд”, но не успеа да се пласира во финалето.

Неговата прва песна “Воли ме” е дело на Иле Спасев и Саша Миниќ, а истата беше екранизирана од страна на екипата од познатата македонска продукција „Урбан рекордс” на чело со Гордан и Били.

На промоцијата присуствуваа и други претходни учесници на „Ѕвездите на Гранд“ како Ивона Јовановиќ и Мартинијан Кириловски, но и Драгана Јовановска, Иван Ајнштајн, Кике Цветче, Тања Јовановска и многу други.

Марио минатата недела ја постави песната на својот YouTube канал, каде веќе подолго време е активен, објавувајќи бројни влогови и видеа од забавно – хумористичен карактер.

Scroll to Top