(Видео) Мартија Станојковиќ пееше заедно со Гоца Тржан во Битола, некогашната ѕвезда на Пинк сега е возрасна и секси девојка

Пејачката Мартија Станојковиќ заедно настапи со српската пејачка Гоца Тржан на настап во Битола. Мартија и беше гостинка на настапот на Тржан, каде со камерниот оркестар ја отпеаа заедно песната „Загрли“.

Мартија додека беше учесничка на шоуто за музички таленти „Ѕвездичките на Пинк“, имаше голема поддршка од Гоца Тржан која беше член во жирито.

„Сега е девојка и убавица, а беше толкава“, вака Тржан ја најави Мартија на сцената.

Младата пејачка пак на социјалните мрежи објави заеднички фотографии со Тржан од настапот и бекстејџот.

„Огромна чест и задоволство е да бидам на иста сцена со камерен оркестар и Гоца Тржан. Битола, вие сте прекрасни“, напиша Мартија .

На настапот во Битола, српската пејачка го отпеа дуетот  „1200 милји“ со Ламбе Алабаковски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARTIJA (@martijastanojkovic)

Scroll to Top