(Видео) Мартина му го помати умот на Лозано

На само еден ден пред неговиот голем концерт закажан за на 2-ри август на стадионот “Билјанини извори” во Охрид, Влатко Лозаноски – Лозано ја објави новата песна.

“Не те вадам од памет” е насловот на летниот хит,  а и овој пат автори се  Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска.

За новата песна, Лозано сними и видеоспот кој го режираше Даниел Јовески. Спотот е снимен на неколку локации во земјава, а  покрај Лозано во спотот се појавува и Мартина Михајловска.

„ Ова е нешто ново и можеби поразлично од мене досега. Убеден сум дека ќе и се допадне на публиката и со нетрпение чекам да ја испеам на концертот на стадионот “Билјанини извори” „, вели Лозано во неговата куса изјава.

Организаторите на концертот, “Прагма Продукција” најавуваат вистински музички спектакл, а Лозано е  првиот домашен изведувач кој ќе настапи на охридскиот стадион.

Вратите на стадионот се отвараат во 19 часот, а пред Лозано на големата бина  ќе настапат Антониа Гиговска и Лина Пејовска.

 

Scroll to Top