(Видео) Масовна тепачка среде концертот на познати македонски фолк пејачи во Швајцарија

Масовна тепачка меѓу гостите се случила на концерт во Швајцарија на кој настапиле македонски популарни фолк пејачи се шири на социјалните. Тепачката се случила на 11 март на концертот кој бил организиран за Денот на жената.

Меѓу популарните фолк пејачи биле Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Кристијан Јованов, Дамјан Стојаноски и „Дали Бенд“.

На видеото се гледа како гостите се туркаат и качуваат по маси и додека се удираат, жените и децата бегаат, обидувајќи се да се тргнат од гужвата.

Scroll to Top