(Видео) Маж сакаше да фрли ѓубре, ама од контејнерот му излезе мечка

Директор на основно школо се исплашил кога видел мечка во школскиот контејнер во Западна Вирџинија. Директорот сакал да го фрли ѓубрето во контејнерот, но, не очекувал дека од истиот ќе излезе мечка.

Она што ја направи средбата уште пошокантна е тоа што човекот ја тргна шипката од контејнерот, која била ставена за да го заклучи, за да не може животни да влегуваат во него. Засега не е познато како мечката успеала да влезе, а безбедносните камери успеале да го снимат директорот како бега.

„Ги сакам дивите животни и мечките, но повеќе сакам да ги гледам од далеина. Видеото од камерата подоцна покажало дека мечката влегувала и излегувала од контејнерот за време на целиот викенд. Претпоставувам дека внатре нашла добар оброк и преноќила“, рече директорот Џејмс Марш за Storyful.

Инаку школото и претходно имало проблеми со мечките кои влегувале во контејнерот откако излегуваат од хибернација, што и довело до тоа да се постави посебна шипка на контејнерот.

;

Scroll to Top