(Видео) Меѓу соништата и тишината: ДААН со нова емотивна поп балада – „Сам во моите сни“

Македонскиот пејач и автор Дарко Андонов ДААН ја претстави својата најнова песна „Сам во моите сни“, емотивна поп балада која говори за загуба, осаменост и копнеж – универзални чувства што секој од нас ги носи во себе.

Песната, иако создадена од лична емоција, испраќа поширока порака за човечката потреба од блискост и топлина, дури и кога времето и околностите не’ разделуваат.

„Сам во моите сни“ ја продолжува авторската насока на Андонов, кој доследно гради сопствен звук во рамките на современата македонска поп сцена. Со свој препознатлив вокал и искрена интерпретација, тој повторно успева да создаде песна што директно допира до слушателот.

 

Scroll to Top